За Нас

Желбата за нешто ново , светско и квалитетно по сите стандарди  како и  современиот тренд на изградба на индустриски подови од епоксидна смола  беше мотивот во 2003 година  да ја формираме нашата компанија  АГОРА ЕПОКСИД  како компанија специјализирана за поставување на индустриски и декоративни подови од епоксидна смола .

Почнувајќи од 2003 година па се до денес АГОРА-ЕПОКСИД  се развиваше како  и во обемот на изведени проекти така и во техничката опременост и разновидноста на своите услуги . Така да,  денес можеме да понудиме поголем број на различни градежни услуги  :

-индустриски епоксидни подови

-декоративни епоксидни подови

-хидроизолација

-изработка и санирање на базени

-ПВЦ подови

АГОРА ЕПОКСИД  располага и со најсовремена опрема , машини и помошен технички материјал за брзо, ефикасно и квалитетно извршување на зададените проекти .