Течна Хидроизолација

Нашата компанија е специјализирана  и за поставување на течна хидроизолација на кровови во форма на течни мембрани за кровови. Зависно од конкретната површина и потребите на клиентот постојат повеќе варијанти на течни мембрани . Се поставуваат над бетон , кошулица, битумен, зидани површини , цементни плочи (после обработка со премаз). Се употребуваат и за санација на постоечки оштетени кровови.

Основни карактеристики и предности на овој тип на течна хидроизолација (мембрани ) се:

  • еднокомпонентни
  • полиуретански
  • водонепропусни
  • УВ стабилни и стабилни на атмосферски влијанија
  • одлично свосјтво на премостување на пукнатини
  • високоеластични
  • ги задржува особините и при многу ниски температури (флексибилни)
  • отпорни на вода (дожд) веднаш после нанесувањето
  • економични -овозможува намалување на трошоците за одржување на постоечките оштетени кровови
  • дозволуваат подлогата ,, да дише,,
  • едноставно повторно нанесување по потреба без вадење на претходните слоеви
  • еколошки прифатливи

Во европски рамки од палетата на Sika® Switzerland особено голема примена и ефикасност има производот Sikalastic® 612 MTC-течна хидроизолациона мембрана .

Се работи за нов , подобрен производ во однос на претходните производи, а самата ознака МТС означува единствена Sika технологија која и овозможува на влагата од воздухот побрзо да го активира процесот на поврзување (стврднување).

 

Зошто да се користи ?

    • отпорен на влага и водонепропустлив само 10 мин после нанесувањето
    • брзо реактивен
    • очекуван век на траење од 10 год. без армирање
    • прикладен за широк распон на температура
    • високоеластичен, паро-пропустлив
    • еднокомпонентен
    • голема цврстина и отпорност
    • едноставно вградување и при лоши временски услови , нема појава на ,, дупки и меури,, на слоевите (МТС технологија)
    • не бара вградување на посебен прајмер
    • не е потребно мешање пред нанесување

Други производи кои исто така имаат исклучителна примена се и :

Sikalastic® 152-двокомпонентен цементен малтер, дополнително појачан со армирани влакна, модифициран со специјални полимери за заштита од алкалии и водонепропустливи адитиви за поголема бетонска заштита . Особено се аплицира во услови на ниски температури и влажна средина .

Зошто да се користи ?

  • штити од продор на штетни агенси и  голема влага
  • голема употреба при хидроизолација на базени ,резервоари,танкови, мостови, канали но исто така и во домашни услови при хидроизолација на купатила и сл.
  • при хидроизолација на надворешни зидови кои се вкопани во земја
  • при внатрешна хидроизолација на зидови, подни бетонски плочи и подрумски простории кои се изложени на хидростатски притисок
  • при хидроизолација на балкони и тераси или подлоги со стари керамички плочки
  • водонепропустлив на бетонски површини  кои се изложени на временски неприлики
  • лесна апликација и на вертикални површини
  • брзо сушење и на многу ниски температури
  • одлична адхезија на сите површини (бетон , плочки,цемент,камен, керамика, дрво )
  • високо отпорност на јаглен диоксид и сол за одмрзнување
  • можна примена и на површини со низок степен на влажност
  • еластична хидроизолација и заштита на бетонот во еден производ sss

 

 

 

 

 

 

 

 

*Sika, Sikalastic, Sikafloor and the Sika logo are registered trademarks of Sika AG