Технички карактеристики :
-применливи за екстремно голема оптоварливост на подот
-супер брзо поставување
-монолитни , без фуги и состави
-лесни за одржување
АГОРА-ЕПОКСИД СИСТЕМИ-СТАНДАРДИ (ММА)
- СИСТЕМ А- Премаз
Овој систем е наменет за лесни до средни оптоварувања бидејќи дебелината е 2 мм. Може да биде мазен и антиклизен и се применува само за внатрешна употреба . Може да се постави на бетон, кошилица или асфалт . Бои по РАЛ карта по избор на инвеститорот.
- СИСТЕМ B- за мокри површини
Овие индустриски подови претежно се наменети за производствените погони во прехрамбената индустрија . Овие подови се издржливи на постојана влага(вода),маснотии и средства за чистење. Препорачана дебелина на системот е 4-6 мм. Се користи само за внатрешна употреба. Бои по РАЛ карта по избор на инвеститорот.
- СИСТЕМ C- за суви површини
Суво експлоатирачките индустриски подови претежно се среќаваат во механичката индустрија, изложбено-продажни магацини, складишта и сл.Постојат повеќе различни начини за декоративна изведба на овој под , кој покрај супер издржливоста има и супер оптички изглед, а пред се изведбата зависи од самата примена на системот .Дебелина на подот 3-4 мм и е наменет исклучиво за внатрешни простории .
- СИСТЕМ D – за тешко оптоварени подови
Овој ММА систем е наменет за подови со тешко оптоварување , ладилници и за надворешни терени каде што има големи температурни влијанија. Погоден за температурни разлики од -40 до +100 степени . Дебелина на подот 4-7 мм.