Адитиви за бетон

Нашата понуда ја збогативме и со палетa на производи за подобрување на својствата на бетонот .

Особено ги препорачуваме следниве типови на адитиви од палетата на SIKA :

Sika® Plastocrete N-

АДИТИВ ЗА ВОДОНЕПРОПУСНИ БЕТОНИ

  • ефикасен  , пластифициран хидрофобен додаток за бетон , наоѓа широка примена во нискоградбата , а особено во хидроградбата -за електрани , канали, резервоари , отпадни станици , но и при градбата на тунели , мостови, потпорни зидови и сл.
  • ја подобрува ефикасноста на свежиот бетон благодарение на одличната комбинација на пластифицирани материјали и материјали кои пропуштаат воздух. На тој начин се намалува вредноста на односот вода/цемент и се зголемува цврстината на бетонот . Намаленото присуство на водени пори помага да се згоеми отпорноста на мраз како и водонепропусноста. Исто така може да се примети дека немалтерисаниот бетон изведен со Plastocrete N покажува рамномерен изглед .
  • Plastocrete N не содржи хлориди . Поради тоа без размислување може да се примени за челик и импрегниран бетон .
  • Боја : браон течност и сив прашок
  • Се наоѓа во пакување од 25 кг и 200 кг, можна е испорака и во контејнери .
  • Plastocrete N се дозира со 0,5 % цементна тежина

 

Sika® ViscoCrete 3077-
АДИТИВ ЗА ЦВРСТИ И ВИСОКО ОТПОРНИ БЕТОНИ
Хиперпластификатор на база на поликарбоксилати за долг транспорт на бетонот и летни временски услови . Гарантира оптимално производство на бетон , особено голема цврстина и голема механичка отпорност . Благодарение на оптималната редукција на односот вода/цемент и добриот однос на агрегат/цемент , овој производ овозможува голема редукција на вода и пластични деформации .
  • Употреба:  за класични , пумпани и СЦЦ бетони
  • ја подобрува обработката и вградувањето на бетонот
  • дава поголема почетна и крајна цврстина на бетонот
  • препорачано за транспортни бетони и одржување на конзистенција
  • погоден за летен период
  • се применува при изградба на бетонски индустриски подови
  • убав краен изглед на површината на бетонот
  • Пакување од 25 кг и 200 кг, можна е испорака и во контејнери