Зелени кровови

Зелените кровови претставуваат едни од најмодерните елементи во модерното градежништво што подразбираат ,, владеење на просторот,, одржлив развој и пријатно чувство на корисниците . Секојпат кога се во градежништво се изработува зелен кров тоа во еколошка смисла значи она што е изгубено од природата може да се врати назад .

 

Најголеми предности на зелените кровови се :

  • Хидроизолациона заштита на кровот од сонце,  дожд , УВ заштита , температурни разлики и заштита од механички дејства со  што се продолжува животниот век на кровот
  • Го намалува негативното влијание на климатските промени  во просториите под зелениот кров
  • Зелениот кров произведува микроклима поради што воздухот во околината е почист за дишење
  • Намалување на бучава и до 40 децибели
  • Подобрување и на топлинската изолација на кровот
  • Зголемување на влажноста на воздухот со што се спречува ефектот на ,, прегрејување,, во летниот период
  • Зеленилото  ја апсорбира прашината  и штетните гасови , а произведува кислород
  • Зелените кровови ја разубавуваат човековата околина со што се внесува елемент  на природата во урбаната средина
  • Можност за користење на зелените кровови како место за релаксација и одмор
  • Економски бенефит – од изнајмување на зелениот простор на други корисници

Од технички аспект зелениот кров претставува продолжение на постоечкиот (или нов ) кров со вклучена хидроизолација ,  го спречува продорот на коренот ,

Дренажен состав , филтерски слој и  на крајот вегетациски слој . На тој начин корисникот  после одреден период ја враќа вложената инвестиција  преку за штеда на енергија .

 

Видови зелени кровови

На кровот може да се засади било каков вид на зеленило . Меѓутоа генерално е земена следнава категоризација од практична примена и тоа :

  1.  ИНТЕНЗИВНИ зелени кровови – тоа се оние зелени кровови кои буквално изгледаат како паркови : со трева , дрвја , зеленило . Овој облик на зелени кровови особено е популарен во Италија и Швајцарија  и бара постојано одржување како и парковите на земја : косење на тревата , наводнување , кастрење на дрвата и растенијата , ѓубрење на зеленилото и сл.

ЕКСТЕНЗИВНИ зелени кровови – кои се особено применети во Германија, Австрија и Словенија се далеку поефтини за изведба во однос на интензивните зелени кровови поради фактот што за нив не потребно одржување . Се садат со билки од типот на ,, седуми,, или познати кај на с како бобинки во различни бои и кои се максимално отпорни на сонце , ветар , суши  и останати временски непогоди . Тоа се билки кои што траат , богати се со цветови во различни бои и отпорност на корови . Единствено во време на големи суши можат да се наводнуваат  поради естетско освежување .Седумите бараат само 8 мм на вегетациски супстат поради што се статички и финансиски погодни и исплатливи

Структура на зелениот кров

strukturazelenogkrova

За секој зелен кров потребно е да се испита и можноста за додатно оптеретување на зградата и тогаш да се определи за каков тип на зеленило и дизајн ќе се користи . Секој зелен кров претставува мал екосистем за себе па оттука е потребно и да се посвети внимание и за одржување на билките .

Првите два слоја се вегетација и земја во која можат да се додаваат минерали за подобар раст на зеленилото . Доколку билките имаат доволно храна , коренот нема претерано да се шири и да ги оштетува другите слоеви на конструкцијата на зелениот кров .

Третиот слој е мембрана која спречува продирање на земјата , туку само овозможува  да се пропушта водата до дренажниот систем . Дренажата може да биде стандардна или може да биде во облик на чаша која ја оптимизира количината на вода .

Петтиот слој  служи да се кровната мемрана  заштити од оштри предмети и притисок , а воедно и ја собира водата за во период на суша .

Шестиот слој во главно е премачкан со хемикалии кои го одбиваат коренот и не му дозволуваат да се шири и да ги оштетува останатите слоеви на зелениот кров .Останатите слоеви се стандардна кровна изолација, хидроизолација и структурна подршка .